Најимпресивниот часовник на светот: Моментално еден од најдобрите
Секако, повторно ова е луксузно ограничено издание кое ќе биде достапно во само 25 примероци ...
Претходно оваа година, швајцарскиот луксузен производител на часовници Urwerk го претстави својот високо-технолошки часовник UR-111C. Во тоа време, три верзии беа достапни со различни варијанти - полиран челик, gunmetal и титаниум, но сега компанијата започнува четврто, дво-тонско издание, кое исто така ќе биде ограничено на само 25 парчиња.
Двата тона се состојат од црна PVD обвивка соединета со челична завршница која нуди елегантен и модерен изглед на футуристичкиот модел. Инаку, новиот часовник ги задржува спецификациите на своите претходници, доаѓајќи куќиште од 46мм до 42мм со автоматски механизам од 37 скапоцени камења и 48-часовна резерва на моќност.
Присутни се карактеристики како што се дигитални минути и секунди , но и иновативен систем кој ја заменува конвенционалната „круна“ на часовниокот.
За колекционерите на часовници е важно да се потенцира дека овој часовник ќе чини 135. 000 американски долари.