НАЈЛОШИ ДАТУМИ ЗА СВАДБА според астролозите: 2020 година е лоша за венчавање
Сезоната на венчавки се наближува, но астролозите немаат добри вести за паровите кои оваа година планираат да го кажат судбоносното да.
Астролозите велат дека немаат добри вести за оние кои планираат да се венчаат за време на 2020 година, бидејќи планетите Венера и Марс ќе бидат во ретроградно движење за време на месеците кои се најпопуларни за венчавки.
Од 13 мај до 25 јуни Венера ќе биде во своето ретроградно движење, додека Марс своето ретроградно патување ќе го започне од 9 септември до 13 ноември. Кога малку подобро ќе погледнете, овие датуми навистина се популарни за венчавање во нашата земја, но и ширум светот.
Што точно значи ова?
Астрологот Руби Даниела пробува да објасни што може да значат овие лоши прогнози.
„Венера е планетата на љубовта, таа ги покажува вашите вредности, начинот на кој сакате, вашата убавина и што сакате. Кога Венера се движи ретроградни надворешниот израз на планетите се движи навнатре. Тогаш може да дојде до емоционални нестабилности и преиспитувања на чувството на сопствена вредност. Исто така може да дојде до нерешени прашања или недоразбирања“ - објаснува астрологот и додава дека ретроградната Венера може да додаде одредена комплексност во бракот, само поради налетот на емоции кои се случуваат во тој период.
Од друга страна ретроградниот Марс не е закана само за сопружниците.
„Ова е предупредување и за гостите на свадбата кои може да ги сретнат поранешните љубови. За време на јуни Марс е во Риби и така формира формира предизвикува аспект со Венера. Се може да ви изгледа како бајка, но внимавајте бидејќи е можно од сето тоа да излезете многу повредени. За време на септември многу е веројатно паровите да не умеат да ја изразат својата лутина.
Сепак, астролозите порачуваат дека иако ви делува дека работите ќе одат многу тешко за време на свадбените месеци, не треба да бидете многу загрижени поради овие астролошки аспекти.