Најлошо облечените мажи на „Оскарите“: Тотално „утнати“ стилови

На најголемото модно шоу- доделувањето на најпрестижните филмските награди „Оскар“, до сега се појавиле ѕвезди во секаква облека. Скапи тоалети и костуми чија вредност достигнува и над 100.000 евра, гламур кој восхитува, врвна елеганција, кич, тотално промашени стилови...
И за чудо, мажите најчесто беа критикувани за нивниот оскаровски избор на облека. Кодексот е многу јасен- на оваа манифестација мажите треба да се во „пингвин“ елегантен костум и негови разни варијации.
Но, некои од машките филмски и музички ѕвезди одбиле да се костумосаат. Ви претставуваме само мал дел најлошите машки модни изгледи на Оскарите низ годините, а избрани од страна на реномирани светски модни уредници и критичари. Од фармерки, пердуви, каубои, до долги капути, пресветкави костуми, кожа, патики...
Џон Траволта, 2010 година
Вил Смит, 1997 година