Најмалото гратче во светот: Блиску до нас

Навикнати сме да читаме за огромни метрополи , за најголемите градови, за оние точки од светот за кои месец нема да ни стигне да ги запознаеме, дури и кога зборуваме само за нивните најголеми и познати знаменитости. И тоа е повеќе од нормално, бидејќи таква е нашата сегашност. Се е сконцентрирано во големите градови - можностите, најинтересните настани историските места и точки. 

Само што светот, како што знаете, е полн со изненадувања и како што има огромни метрополи, така некаде скриени, се гушат и мали градчиња и села со својата историја и интересни нешта.

Еден таков е градчето Хум, кое според податоците е најмалиот град во светот. Се наоѓа во Хрватска, во центарот на Истра, и таму живеат само 20 жители. Според легендите, Хум бил изграден од камењата што останале од изградбата на големите градови во долината на реката Мирна.


За да го разгледате Хум не ви треба многу - можеби еден час. Но пак вреди да потонете во обиколката на ова мало, загушено, средновековно градче, да се прошетате по калдрмните улички и да ја допрете културата меѓу карпестите тврдини што се издигаат.