Најмодениот паричник на светот: Дали сакате да го поседувате
Ако некогаш сте посакале ултра-модерен паричник направен од високо-технолошки материјал, тогаш денес е вашиот среќен ден…
Паричникот за кој зборуваме овој пат е создаденод компанијата Billetus, сместенa во близина на Сан Диего, а станува збор за минималистичка убавина изработена од егзотични материјали како титаниум, јаглерод и балистички најлон.
Наречен е Billetus MAXX, овој паричник има футуристички, модерен изглед, како суперавтомобил што можеме да го видиме денес, со совршен баланс на формата и функцијата, смело присуство и многу мала тежина. Практично, тоа е тенок паричник кој може да биде совршен додаток за вашите пари и кредитни картички, со централен џеб и дополнителни џебови од двете страни.
Кога е целосно наполнет, овој паричник може да држи до 15 картички и 15-20 банкноти, благодарение на супер тенките инсерти од титаниум. Овој кул додаток доаѓа во комплет со Cardus Openus - најневеројатниот и тенок отварач за шишиња, кој во исто време ја игра улогата на линијар.
Покрај стандардната верзија, можете да изберете и други примамливи верзии со тема по вашата желба.