НАЈМОЌНИОТ ЧОВЕК НА КАТАР, ШЕИКОТ АЛ ТАНИ, ИМА ТРИ ЖЕНИ И 13 ДЕЦА - еве што друго е интересно за него
Шеикот Ал Тани завчера го отвори турнирот на Светското првенство, а тој е најмоќниот човек во Катар
Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани привлече големо внимание кај светската јавност на завчерашното отворање на Светското првенство во фудбал, а животот на најмоќниот човек во оваа земја е интригантен со години.
За време на свеченото отворање на стадионот „Ал Бајт“ тој срдечно го поздрави својот татко бакнувајќи му ја раката, а фотографиите за неколку секунди го обиколија светот.
Тој е познат како голем љубител на спортот, а иако Мундијалот во Катар е проследен со критики за човековите права во оваа земја, тој го окарактеризира како безобразна кампања против неговата земја.
Шеикот Ал Тани е роден во 1980 година во главниот град на Катар како четврти син на поранешниот емир на Катар Хамад бин Калифа Ал Тани и неговата втора сопруга. Иако не беше првиот во низата за преземање на тронот, благодарение на своите способности успеа да се избори за ова место. Пред да го замени татко му, успешно се занимавал со политика, но не бил на високи позиции.
Неговиот татко го испратил да учи во престижни приватни училишта во Велика Британија, а во 1997 година дипломирал на престижната британска воена академија Сендхерст како еден од најдобрите студенти.
Кога ја завршил воената академија, се вратил во Катар и служел во катарската војска. Кога неговиот брат во 2003 година објави дека се откажува од тронот, неговиот пат кон наследување беше отворен. Во 2009 година, тој успеа да стане заменик командант на катарските воени сили во армијата.
Во меѓувреме, во 2004 година стапи во првиот брак со ќерката на шеикот Ал Мајас бинт Тамим бин Хамад Ал Тани, а интересно е што со неа се појавува само во јавноста. Според локалните медиуми, двајцата се далечни роднини, а од бракот има две ќерки и два сина.
Во 2008 година се ожени по втор пат, а Шеиха Ал-Аноуд бинт Мана Ал Хајри, ќерката на поранешниот катарски амбасадор во Јордан, стана негова втора сопруга. Со неа имал три ќерки и два сина. Пред неполни осум години, шеикот се ожени по трет пат. Неговата трета сопруга, Шеиха Нора бинт Хатал Ал Досари, му родила три сина и една ќерка.
Посебно е интересно што неговата прва жена, Шеиха Моза бинт Насер силно се залага за образование во Катар, а во Газа иницира изградба на голем број образовни институции, а нејзината работа доведе до фактот дека оваа жена има седум почесни докторати.
Таа во светот е позната како модерна и образована жена која се противи на полигамијата и семејното насилство. Скапа брендирана облека, модерна шминка, луксузен накит - Моза не ги крие овие работи од јавноста. Таа активно учествува во политиката, има голем број национални и меѓународни позиции, а сите светски медиуми често зборуваат за нејзината луксузна гардероба и стил.
365 СрбијаФото: Јутјуб