Најмудрото нешто што ќе го прочитате денес: Зборовите на актерот Вил Смит го менуваат погледот кон светот
фото: Profimedia
Го направивте првиот чекор кога поверувавте дека можете...
Вил Смит е еден од најпознатите холивудски актери на денешницата и се опишува себеси како обичен човек кој сонувал да постигне големи работи.
Тој цврсто верува во принципот на добри мисли и дека сè во животот може да се постигне само ако веруваме доволно во успехот.
Неговите зборови можат да послужат како инспирација и мотивација за да одиме напред уште подобро и похрабро. Издвоивме некои од неговите најинтересни мотивациони реченици. Прочитајте ги внимателно:
-Ако сте отсутни за време на мојата борба, не очекувајте да бидете дел од мојот успех.
-Смеењето е најдобриот начин да се соочите со секој проблем, да го разбиете секој страв и да ја скриете болката.
-Сакам да правам добри работи. Сакам светот да биде подобар. Сакам да има смисла мојата работа, семејството. Ако не му го направитена некој животот подобар, губите време. Вашиот живот ќе се подобри кога ќе им го направите животот на другите подобар.
-Не дозволувајте другите да ви кажат дека не можете да направите нешто. Ако имате сон, следете го. Оние кои не веруваат во вас не постигнале ништо во животот сами. Ако сакате нешто, зграпчете го. Можете. Точка.
-Краткиот рецепт за среќа гласи вака. Овие 10 работи се најважни: Слушајте, зборувајте, давајте, молете се, одговорете, споделувајте, уживајте, верувајте, простувајте, ветувајте и исполнувајте.
-Интегрален дел од мојот успех е смешна и болна работна етика. Додека другите луѓе спијат, јас работам.
-Не обидувајте се да изградите ѕид. Не верувајте дека ќе го изградите најголемиот ѕид некогаш изграден. Бидете водени од мислата дека ќе поставите една тула, најсовршената тула што постои, и тоа го правите секој ден додека не изградите ѕид. Најтешко е да се направи првиот чекор кога знаете колку е тешка борбата. Задачата мене никогаш не ми е тешка, секогаш е тоа само - една тула.
-Го направивте првиот чекор кога поверувавте дека можете.
-Престанете да им дозволувате на луѓето кои прават малку за вас да ги контролираат вашите мисли и чувства.
-Сакам да бидам претставник на теоријата дека навистина може да постигнете сè што замислувате. Верувам дека можам да создадам што сакам.
-Не трчај по никого. Биди свој и работи напорно. Вистинските луѓе, оние кои навистина заслужуваат место во вашиот живот, ќе дојдат сами.
-Успехот не е чудесна, неостварлива божествена работа што само некои од нас можат да ја постигнат. Тоа е нешто што навистина постои, во сите нас. Многу е едноставно: „Тоа е она што го сакам и подготвен сум да умрам за тоа“.
-Никогаш не ја потценувајте болката затоа што искрено, сите се бориме. Само што некои го кријат тоа подобро од другите.
извор:stil.kurir.rs