Најнова вест: Ограбен музеј во Германија- крадците однеле богатство вредно милијарда евра
Дрезден - Крадците провалиле во музеј во Дрезден рано утрово и украле богатство во вредност од скоро една милијарда евра, пренесува германскиот весник „Билд“.
Досега се знае дека е украден исклучително вреден антички накит, кој на почетокот се проценува на скоро една милијарда евра. Кражбата се случила во Историскиот музеј „Зелена валута“ во Дрезден, кој инаку содржи најголема збирка богатство на сите музеи во Европа.
Центарот во Дрезден, каде што се наоѓа музејот, е преполн со полиција, која досега немаше дадено никакви информации.
<blockquote class="twitter-tweet" data-lang="en"><p lang="en" dir="ltr">URGENT: Treasures worth up to billion of Euros stolen from museum in Eastern Germany - reports<a href="https://t.co/PCiDqb8i2B">https://t.co/PCiDqb8i2B</a> <a href="https://t.co/t9peCmNjkd">pic.twitter.com/t9peCmNjkd</a></p>— Sputnik (@SputnikInt) <a href="https://twitter.com/SputnikInt/status/1198884251413950464?ref_src=twsrc%5Etfw">November 25, 2019</a></blockquote>
<script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>