Најнови истражувања: Коронавирусот во воздух може да преживее 3 часа, а на пластика со денови

Научниците установија каде новиот вирус најдолго се задржува...

Новото истражување кое се занимаваше со проучување на коронавирусот Sasrs-Cov-2, кој ја предизвикува болеста COVID-19, дојде до важни заклучоци за новиот вид на вирус со кој светот се бори во последните три месеци. Научниците заклучија дека вирусот во воздухот може да преживее до три часа, а на пластичните и челичните површини може да живее до три дена, пишува Fox News.

Истражувањето кое е објавено на сајтот medRxiv, утврди дека новиот коронавирус може да живее на бакарни површини четири часа, а на картонски до 24 часа.

„Резултатите кои ги добивме укажуваа на тоа дека вирусот се пренесува преку воздухот и објектите кои ги користиме и дека може да остане жив во честичките во воздухот и до неколку часа, додека на површината на предметите живее неколку дена“ - наведуваат истражувачите, кои се уште немаат објавено рецензија.

Другото истражување, објавено во февруари, дојде до заклучок дека COVID-19 е сличен на други коронавируси, како што се SARS и MERS  и дека на метал, стакло и пластика може да преживее 9 дена.

За споредба, грипот може да преживее на површините што не опкружуваат во просек од 48 часа. Таа студија, објавена во списанието „Journal of Hospital Infection“, сугерираше дека коронавирусоте можат да останат „оневозможени“ за една минута со употреба на средство за дезинфекција кое содржи „62-71% етанол, 0,5% водороден пероксид или 0,1% натриум хипохлорит“, додека другите средства кои содржат „0,05-0,2% бензалкониум хлорид или 0,02% хлорхексидин“ се помалку ефикасни.

Моментално не постои делотворен лек за борба против вирусот COVID-19, а се работи и на пронаоѓање на вакција за истиот.

Во светот досега се потврдени повеќе од 127.000 заразени случаи, додека од оваа болест починале повеќе од 4.700 луѓе.