Најновото за мажи од Долче и Габана: Повелете на софистицирана машкост

Брендот Долче и Габана ја посети Сицилија за да ја сними својата нова кампања за пролет / лето

Познатата италијанска модна куќа го ангажираше фотографот Салва Албрија, кој создаде низа црно-бели фотографии, успешно доловувајќи ја суштината на брендот и вредностите што ги негуваат. 

Откако беа неколку пати главни јунаци на модните кампањи, моделите Евандро Солдати, Ноа Милс и Адам Сен повторно соработуваа, додека на иконското трио им се придружија Кејн Робертс и Америго Валенти. 

Претставувајќи ја потрадиционалната страна на брендот Долче и Габана, моделите носеа елегантни костуми и спортски парчиња, создавајќи единствена врска помеѓу поларните спротивности.