Најогнениот навивач во нова мисија: Горан Кипријановски ја промовираше Македонија пред светските кошаркарски ѕвезди

При работна посета во Загреб, Горан Кипријановски, најогнениот навивач на сите спортови, имаше ретка можност да присуствува на меморијалниот натпревар во кошарка, во чест на 60 години од раѓањето на хрвтаскиот кошаркарски Моцарт, Дражен Петровиќ. На настанот настапија репрезентацијата на Хрватска и тимот на Дражен, сочинет од кошаркари од различни клубови од светот на кошарката.

-.Пред полна арена во Загреб, покрај учесниците на натпреварот се појавија многу кошаркарски играчи, тренери, спортски работници, кои беа дел од играчката кариера на Дражен Петровиќ. Дел од нив имаа и свој говор за нивното пријателство, играње и дружба со легендарниот кошаркар. Ова беше повеќе од емотивен настан бидејќи побуди различни чувства и емоции поради фактот што од една страна Дражен не е повеќе меѓу нас, а се одигра натпревар во негова чест. Од друга страна имаше многу големи имиња и звезди од европската и светската кошарка кои ги гледаме на тв,  но сега беа пред нас. Дури имавме можност за разговор и фотографирање. Посебен емотивен момент, беше кога на теренот излегоа поранешните играчи од златната генерација на Хрватска со која Дражен Петровиќ  ги одигра последните напревари. Истовремено Дражен преку холограм имаше свој говор. Не само јас, туку сите во арената се возбудија, а еден дел од нив и пуштија по некоја солза – вели Кипријановски.

Овој момент најемотивно го доживеало семејството Петровиќ. Натпреварот бил организиран така што освен играчкиот дел, бил претставен и кошаркарскиот живот на Дражен, преку разни видеа и фотографии. 

-Толку кошаркарски легенди на едно место, а посебно од поранешна Југославија и  идоли на многу луѓе , можеа да се видат само на овој настан. И овие кошаркарски легенди побудија убави чуства што ете сега се непосредно до Вас. По натпреварот, имав ретка можност да се сретнам со НБА играчот од Далас Маверикс, добро познатиот Лука Дончиќ, како и да му подарам кошаркарски дрес од Македонија. Лука се изненади и се заблагодари за убавиот гест и упати поздрав до сите во Македонија.Исто така, ден пред натпреварот имав можност да се сретнам со повеќе легенди од кошарката, а со поголемиот дел и да се фотографирам за спомен. При крајот на гала вечерта организирана во чест на Дражен, на неговата мајка Бисерка и на братот Александар, познат кошаркар и тренер, им подарив кошаркарски дрес од Македонија. За овој гест, пријатно се изненадија и воедно многу се заблагодарија за вниманието. Рекоа  дека истиот ќе биде поставен во новиот дел на музејот на Дражен Петровиќ – открива тој.

С.А.Н