Најпопуларните јакни за непредвидливата сезона само во Fashion group

Веројатно и не постои понепредвидливо време од есента, но истовреме толку прекрасно радувајќи им се на слоевитите комбинации кои секогаш се толку шик.

Но, „јаготката“ на секоја слоевита комбинација дефинитивно е јакната која секогаш треба да го има крајниот, стилски збор.

Како и секоја сезона, така и оваа, популарните брендови создадоа неодоливи нови парчиња уште попривлечни благодарение на новите материјали, текстури, бои и стилски додатоци.

За да ви ја олесниме потрагата по совршената за вас јакна, направивме колекција едноставно наречена „Mid-season jackets“ во која ги сместивме парчињата од сите брендови, создадени за секогаш непредвидливата, но прекрасна есен.

Почнувајќи од јакни изработени од тенки материјали со кои ќе ги заокружите сите лежерни комбинации, па се до „пепито“ и кожни палта совршени за оние денови кога сте расположени за дотерување, во колекцијата секој ќе го најде својот фаворит.

За момците, издвоивме кул модели на јакни во зависност од расположението и секако, пригодата, а токму сега е соодветно време да инвестирате во омилениот избор.

Покрај сите нови и уникатни модели што дизајнерите ги создадоа оваа сезона, секогаш постои тој еден на кој секогаш му се враќаме – кожната јакна!

Нашите брендови нудат сериозно голем избор, почнувајќи од едноставни модели, па се до оние со впечатливо крзно што познатите девојки ги обожаваат сезонава.

Без разлика дали сте од оние кои обожуваат класични модели или секогаш сте за некој похрабар избор, на следниов линк https://bit.ly/2H82LOU ги имате сите можни опции!

Уживајте во безбедноста на вашиот дом и купувајте онлајн од www.fashiongroup.com.mk – Сите брендови на едно место!

* Клинете на фотографиите за повеќе информации за овие модни парчиња

Комерцијален текст