Најскапиот хотел на светот сега ви нуди патување со приватен авион
Обидете се да се одморите таму, ама ќе ви треба вреќа пари!
Најскапиот хотел досега изграден во светот е “Емирати Палас, сместена
во Абу Даби (Обединетите Арапски Емирати), со вредност од околу три милијарди
долари.
Во сопстственост е на најбогатиот шеик. Има 394 апартмани и 40 конференциски сали, бели песочни плажи, безброј базени и фонтани, раскошен спа центар, над 1000 кристални лустери и тринаесет типови мермер увезени од разни земји.
Хотелот „Емирати палас“ потсетува на позлатена тврдина каде сè е знак на хедонизам. Хотелот исто така може да се пофали со најразвиено пристаниште на Блискиот исток.
Ако сте гостин, сега има една новина- имате три патувања со приватен авион - првото патување во Иран, второто до Мртвото Море и третото патување во Бахреин за да соберете бисери од дното на морето.
Можете да се дружите со кралското семејство кое често престојува тука, ќе бидете туширани со парфеми, ретки бисери и подароци од Холандија. На располагање имате се. Од фризура, до облека, од 24 часовна послуга само за вас до пробување на специјалитети кои ги нема никаде на земјината топка. Луксузни бутици, тениски и голф игралишта, сауни, спа центри, шминкери, козметичари...
Кралските семејства, и сите оние што се чувствуваат на тој начин, сè што треба да сторат е да се фасцинираат со привлечноста од ентериерот и да ги вкусат специјалитетите и пијалоците со врвен квалитет. Овој хотел исто така изработува колачи направени од злато. Цените се движат од 500 евра па се до 50.000 евра за една ноќ.