Најскапиот половен часовник на македонските сајтови за огласување
Направивме мало
истражување за да видиме какви часовници се продаваат во Македонија, а не со во
специјалализирани продавници. Се разбира, најдобро место за да се видат сите на
едно место се сајтовите за огласување.
Знаеме дека на ваквите интернет страници се продава се‘ и сешто, ама дека ќе наидеме на таква убавина, не се надевавме. Не ќе можете да се изначудите какви фантазии од часовници продаваат луѓето кај нас. Некои половни, некои најверојатно нови.
А, часовниците, светските модни експерти најчесто ги условуваат како статусни симболи, посебно драги на мажите. Тоа се украси на рачните зглобови, ултимативни парчиња, а оние од најреномираните бредови на часовници со цена и до 31 милион долари, колку што е и продаден најскапиот часовник на светот од брендот Patek Philippe , се сметаат за предмети кои се пренесуваат од поколение на поколение.
Има повеќе луксузни бредови за часовници кои создаваат врвна уметност. Ова се најдобрите: Patek Philippe, Audemars Piguet, Vacheron Constantin, TAG Heuer, A. Lange & Söhne, Jaeger-LeCoultre, Rolex, Hublot, Breguet & Fils, Chopard, Girard-Perregaux, Blancpain, Cartier,Omega, Montblanc, Glashütte Original, IWC Schaffhausen... Се разбира, повеќето се швајцарски!
Часовници од овие брендови се носат и кај нас, а цените се различни. Скап часовник значи и висока цена- многу висока цена која може да достигне и неколку милиони. Ние не знаеме дали некој кај нас има милонски часовник, но знаеме дека логоата втиснати во часовниците на водечките бредови сме ги виделе кај одредени личности.
Според она што го најдовме, најмногу ни привлече внимание часовник кој се продава моментално на интернет страницата Реклама 5.
Се работи за часовник од најекспонираната марка „Ролекс“ односно Rolex Submariner Gold / Steel blue. Беспрекорно убав. Произведен некаде на почетокот на 90- те години, овој часовник беше еден од најпродаваните во тоа време. Исклучителен е.
Изработен е од челик и 18 каратно злато, има ротирачкото подножје, внимателно дизајниран да понуди одличен зафат под вода, што значи водоотпорен до 300 метри. Дијаметарот му е 40 мм, има маркер кој обезбедува читливост, без оглед колку е темна околината.
Маркерите на часот се во едноставни форми - триаголници, кругови, правоаголници – а сказалките овозможуваат моментално и сигурно читање за да се спречи секој ризик од забуна под вода.
Неговата цена од сопственикот е одредена на 9000 евра. На официјаната страна на „Ролекс“ часовникот чини 14.500 долари.