Најтажната фотографија од Катар: Доби награда, сега заминуваат дома!

Германија синоќа иако ја победи репрезентацијата на Костарика со 4:2, сепак тој резултат не беше доволен за да се пласираат во осминафиналето.

Победата на Јапонија против Шпанија и не беше очекувана од Германија, па на крајот за нив немаше среќен крај. Самураите направија пресврт и како првопласирани се дегажираа во осминафиналето од Мундијалот.

По натпреварот, за играч на натпреварот беше прогласен играчот на Челси, Каи Хаверц, кој беше морален победник на овој натпревар, но сепак, на неговото лице, немаше среќа.

Тој се фотографира со добиената награда за протоколот на Светското првенство, но лицето јасно му укажуваше дека тој е видно несреќен бидејки сега заминуваат дома.