Најтешката вежба за стомачни: Мажи, се согласувате ? (ВИДЕО)
Оваа вежба прв ја извел легендарниот Брус Ли...
Желбата за цврст и дефиниран стомак е причината поради која многу мажи почнуваат да тренираат и да посетуваат теретана. Не велиме дека секој мора да има стомачни, но се согласуваме дека пивскиот стомак не е привлечен за никого. Вежбите за стомак често знаат да бидат многу здодевни и да бараат многу од вашето време. Треба да одвоите многу време секој ден за да почнете да гледате резултати.
Решивме да ви претставиме една вежба која ги погодува речиси сите мускули на стомакот и е многу напорна и тешка, но малку ќе го забрза процесот. На почетокот нема да ви биде лесно, но како што напредувате, ќе можете да правите уште многу стомачни од овој тип и на тој начин да го зајакнете, но и да го разубавите вашиот стомак.
Оваа вежба беше популаризирана од легендарниот Брус Ли, кој прв почна да ја прави оваа вежба. Тој рече дека оваа вежба му носи неверојатни резултати, но дека е неверојатно тешка и дека малку луѓе можат да ја направат. Денес оваа вежба се нарекува „Змејско знаме“ и често се користи како показател за нечија сила и издржливост.
Погледнете го видео клипот и се ќе ви стане јасно: