Најубавиот Македонец: Костумот не е она што не прави вистински мажи
Квалитетните луѓе по природа се скромни, но си го тераат патот напред...
Македонија е расад на убави мажи и жени и ако не си го цениме своето, друг нема да го направи тоа за нас. Во последно време мажите многу внимаваат на својот изглед, посетуваат теретани, вежбаат макотрпно за обликување на „плочки“ на стомакот, се трудат, некои ги скубат веѓите, некои претеруваат со смешно облекување, а некои депилацијата и хијелуронот ги сваќаат како задолжителен ритуал.
Мартин Данчев не е ништо од ова што е последно наведено. Природен е, машката сила го дефинира и едноставно е едноставен, а сепак посебен. Тој е официјален Мистер на Македонија за 2015 година, а често имаме можност да го видиме во улога на пејач.
Неговото дефинирано тело се должи на диет клуб и редовно вежбање, а екстра резултатот е видлив од далеку. По природа е скромен, знае да цени но и да биде послушен, дисциплиниран и посветен на се што работи.
За себе ќе рече дека без разлика што некогаш го гледаме облечен во костум, костумот не е тоа што не прави вистински мажи, туку она што ни е во срцето и душата и дека цел живот ќе учиме како да се носиме со него.
Често патува, а неодамна беше во Шпанија од каде постираше неколку фотографии од плажа. На нив се гледа целосно посветеноста и грижата кон своето тело.
Има настапувано на неколку наши и регионални фестивали. Убаво пее, нема срам пред публиката и знае како да ја анимира. Најверојатно во следниов период може од него да се очекува нов проект и музичка кариера која ветува.
Се облекува сосема приземно. Тоа во превод би значело не нападно, естетски добро и суптилно. Омилени му се фармерки ни и костими. Во сите варијанти изгледа убаво.
Небојша Толески