Намирници кои мора да ги избегнувате после 30-тата година
После 30-тата година, метаболизмот во нашето тело забавува и тогаш треба да водиме поголема сметка за тоа што јадеме..
Кога сме млади, нашето тело во голема мера толерира многу нездрави
намирници кои ги конзумираме, но тоа се` се менува кога ќе дојдеме во позрелите
години. После 30-тата година, метаболизмот драстично се менува, што го доведува
нашето тело на сосема друг начин да се бори со храната и калориите.
Проблемот настанува кога луѓето не можат да се одвикнат од храната која со години ја конзумирале, па во подоцнежните години имаат тенденција да заболат од дијабетес или да имаат сериозни проблеми со холестеролот или крвниот притисок.
Затоа одлучивме да ви ги претставиме намирниците кои мора умерено да ги конзумирате кога ќе ги преминете 30тите години, а најдобро би било ако и воопшто не ги конзумирате.
1. Првата работа за која мора да водите сметка е шеќерот кој е вашиот најголем непријател и кој доведува до појава на дијабетес и зголемување на телесната тежина.
2. На второ место се вештачките зачини и сосеви кои во себе содржат многу хемиски елементи кои никако не се добри по вашето здравје.
3. Третото место го заземаат тестенините, кои се главниот виновник за зголемување на килограмите во тие години, па водите сметка колку често ги јадете и со што ги комбинирате.
4. Лебот и белите пецива се веднаш после тестенините, така да намалете ги посетите во најблиската пекара, колу што можете повеќе.
5. За крај, не заборавајте на спортските и диеталните пијалоци, бидејќи тие лошо влијаат врз вашите штитни жлезди.