Направи ја најдобрата модна комбинација и освој ваучер од Fashion&Friends
Fashion&Friends е твојата омилена продавница?
Ако одговорот е ДА, тогаш ова е супер вест за тебе!
Те охрабруваме тебе, твоите пријатели, сите млади ентузијасти, вљубеници во модата да го создадете најдобриот аутфит вреден за паметење!
До 4-ти октомври, те чекаме да ги пробаш сите фаворити, да ја направиш твојата омилена комбинација и да ја споделиш на Инстаграм со хаштаг #Fashionandfriendsandfriends, а најдобриот аутфит ќе го наградиме со ваучер од 25.000 денари!
Во новоотворената и разубавена продавница се' е подредено за дополнително да ја разбудиш креативноста и имагинацијата, па затоа повели да ја создадеш твојата омилена модна комбинација!
Ние го правиме шопингот уште позабавен, а ти не губи време, пушти си ја модната имагинација да работи и остави твој моден печат!
Воедно, ова е супер шанса да ја посетиш нашата реновинара и бескрајно креативна продавница која дополнително ќе те мотивира. Дел од нашите најпознати блогери веќе почнаа да ги прават своите шик комбинации, а сега е совршено време и ти да го направиш истото.
Секако, овој повик за модна креативност важи за сите вљубеници во модата, затоа, сподели ја оваа супер вест со твоите пријатели и одмерете си ги модните сили. Она што е важно е дека можеш да направиш безброј комбинации и да учествуваш повеќе пати, а ние сме тука да те наградиме.
Време е за вистинска шопинг забава во Fashion&Friends во Сити Мол!
*Парчињата не мора да бидат купени, а комбинациите можете да ги направите во нашата Fashion&Friends продавница во Skopje City Mall. Бројот на аутфити и објавени фотографии е неограничен.
ПР објава