НАПРАВИ од НЕГО ГОСПОДИН: Просјакот побара кафе или чај, а фризерот му даде комплетно нов изглед (ВИДЕО)

Анил Какмак е познат фризер и Јутубер од Турција. Во ова видео тој покажа како се грижи за Хајри, бездомник од соседството што го познава веќе некое време.

Хајри понекогаш застанува покрај салонот и прашува дали може да добие шолја кафе или чај. Овој пат тој доби не само кафе или чај, туку и бесплатна фризура и бричење на брадата. Му требаше итно, затоа што брадата му беше веќе преголема, а косата беше затегната, исмрсена, сува.

Погледнете колку Анил му го смени изгледот за помалку од половина час. После ова, тој изгледаше како вистински господин!