Спорт // Спорт
Нарди секоја ноќ пред легнување го гледа Ѓоковиќ, сега го победи на Индијан Велс
Најдобриот тенисер на светот испадна во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс. Новак Ѓоковиќ загуби од 123. на АТП листата, од младиот Италијанец Лука Нарди со 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 6-3.
Нарди пред мечот изјави дека на вратата од својата соба има постер од Новак Ѓоковиќ кој сè уште е на своето место, легнува и се буди со српскиот тенисер кој е негов идол.
„Да, го чувам. Секоја вечер пред спиење го гледам Новак. Мислам дека и понатаму ќе биде така. Не се шегувам. Го чувам и ќе го чувам таму и во иднина“, изјави Нарди со насмевка на лицето.
Нарди на турнирот настапи со покана „лаки лузер“ и за него ова е најдобриот меч во кариерата.