,

Нашиот Тоби ја освојува музичката сцена во Турција: Првите реакции за “Let Me Love You”, луѓето се снимаат како ја пеати ги објавуваат видеата на ТикТок

Млад, талентиран и како пејач и како автор.Свири на виолина, клавир и гитара. Изгледа одлично. Епитети кои на Толга Мазхар, познат под уметничкото име Тоби, му ветуваат блескава кариера.

Син е на познатиот пејач од турската националност Каан Мазхар, роден во Гостивар. Неговата мајка Мерсиха која дипломира на Музичката академија, беше активна на сцената и како пејачка во деведесетите години.

На својот деби албум соработуваше со врвни музичари од Балканот. Неговиот успех доаѓа допрва Песната“Let Me Love You”, беше објавена на турскиот канал на MuzikPlay преку турскиот издавач Avrupa Müzik кој моментално има 3 милиони претплатени слушатели.

ММ:Моментално си во Истанбул, дали посетата е од професионален карактер. Отрки ни како ти минуваат деновите, дали запознаваш нови соработници?

- Речиси три месеци сум во Истанбул. Нема зборови кои можат да ја опишат убавината и културата на овој град. Секојпат кога ќе излезам да се прошетам откривам нешто ново, некој нов специјалитет од турксата кујна или некое ново архитектонско чудо. Истанбул го чувствувам како мојот втор дом, ми дава мир и спокој.

ММ: Како се случи соработка со турскиот издавач Avrupa Müzik и кое се плановите во иднина?

- “Let Me Love You” е првиот сингл од мојот прв официјален албум кој го спремав скоро две години. Во текот на креативниот процес добивав коментари “Зошто не е на македонски”, “Зошто не пееш на турски”, “Има доволно странски уметници нема да успее”. Тие коментари не ги земав во предвид затоа што премногу верував во материјалот, имав конкретна визија што сакам да постигнам и се упатив кон Турција. Стапив во контакт со многу издавачи, но на крај одлучив да потпишам договор со Avrupa Muzik после разговорот со нивните претставници. Очигледни беа нашите заеднички интереси. Моментално сум презадоволен од првите реакции на песната и спотот. Луѓето снимаат видеа како ја пеат песната и ги објавуваат на ТикТок. Спотот е дело на Томислав Живковиќ, кој според мене е еден од најдобрите режисери на македонската естрада.

На 27ми ќе го промовираме вториот сингл од албумот. Моментално го спремаме спотот.

ММ: Што треба да поседува еден млад човек за да успее на турската сцена? Дали е доволе само талентот?

- Моментално во светот се случува демоктратизација на музиката. Тоа значи дека секој може да прави музика со само еден лаптоп, звучна карта, слушалки и микрофон. Сметам дека ако некој сака да остане на сцената и да е незаборавлив треба да поседува нешто повеќе од талент - X фактор - кој е склоп на повеќе карактеристики. Мојата експериментална природа заедно со љубовта кон поп- музиката и влијанието на разните уметници како Џорџ Мајкл, Мајкл Џексон, Принц во моето детство,е видлива во мојата музика и спотовите. Сметам дека тоа ме дели од останатите.

ММ: Која е посебноста на твојата музика?

- Секогаш сум во потрага да го усовршам мојот звук кој е оригинален, кој содржи секс апил, интимност и кој истовремено е љубовно писмо до мои музички инспирации. Мојата музичка авантура започнува и едвај чекам да видам каде следно ќе ме однесе.

ММ:Кога ја напиша првата песна? Колку инструменти свириш?

- Доаѓам од музичко семејство. Уште како дете бев опкружен со музика од разни жанрови, Rnb, џез, поп, рок, електронска музика. Знаев дека сакам да правам музика, но не знаев која улога сакам да ја имам. Се запишав во нижо музичко во Илија Николовски-Луј и таму започна мојата музичка авантура. Седум години свирев виолина. Дојдов да заклучок дека не сакам да сум виолинист ниту да свирам во оркестар. Во средно музичко се префрлив на соло пеење. Тоа беше најголемиот пресврт во мојот живот. Си го дознав потенцијалот, дека пеењето ми е најголема дарба исто како и апсолутниот слух. Истовремено имав можност да се едуцирам за разни музички смерови и нивните убавини. Научив да свирам клавир и гитара кои ми се најомилени инструменти. Се обидувам да сум отворен за секој предизвик кој ќе ми биде даден од музиката. Ккао средношколец, во трета година почнав да добивам музичка инспирација, но не знаев како да ја претворам во дело. Дознав дека постојат компјутерски програми во кои можат да се компонираат и аранжираат песни. Мислејќи дека ќе ми биде само хоби почнав да компонирам свои песни и на крај се заљубив во тој процес. Денес не можам да си го замислам животот без тоа. Имав прилика да се запознаам со премногу естрадни уметници од балканот како Милан Радулович Лача, Елена Китиќ, 2Бона, Раус, Јосиф, Емина Јахович. Со дел од нив имавме одлични соработки и пријателства кои ќе траат цел живот.


Соња Алексоска Неделковска