Нашиот Тоби сними песна со раперот Стимулус, зад кој стои продуцентот на Мајли Сајрус

По двегодишна пауза, нашиот пејач, текстописец и продуцент Толга „Tоби“ Мазхар од турска националност, се враќа со долго очекуваното продолжение на неговите синглови „Let Me Love You“ и „Got It All“ од 2022 година, кои беа објавени од најголемата издавачка куќа во Турција - Avrupa Muzik.

Тоби прогласува нов музички правец со својот нов сингл „Can’t Get Enough“ во кој се појавува раперот Стимулус (Иан Лоренс)роден во Бруклин. Тој е познат што на млади години беше откриен од Марк Ронсон, продуцент и текстописец познат по неговата работа со уметници како Еми Вајнхаус и Мајли Сајрус. Исто така беше еден од првите уметници кои учествуваа на познатото шоу Colors со неговата песна „Good“ во која се појавува и Кејси Бенџамин.

-Can’t Get Enough“ е интимна р&б нумера, која содржи водечка акустична гитара и перкусивни тапани кои го диктираат мудот и грувот на песната. Има едноставен аранжман. Сакав песната да се чувствува што е можно поинтимно, како слушателот да стои веднаш до нас. Мастерингот на песната беше извршен заедно со Бенет Луис Џексон, со кој често соработувам- вели Тоби и најавува многу нова музика.

- Конечно решив да го отворам сефот. Се обидувам да составам кохезивен проект“ посочува тој и ветува дека овој сингл е претходник на неговиот претстоен соло албум.

Тоби свири на виолина , клавир и гитара.Син е на познатиот пејач од турската националност Каан Мазхар, роден во Гостивар. Неговата мајка Мерсиха која дипломира на Музичката академија, беше активна на сцената и како пејачкаво деведесетите години, а сега е дел од МОБ.


С.А.Н