Насобраната нервоза и напнатост се лечи со ова: Кој пробал- ЗНАЕ
Насобраната нервоза и напнатост кои ги акумулираме во текот на денот влијае на квалитетот на сонот и на севкупниот квалитет на живот. Кога сте напнати, под стрес или нервозни, обидете се да се опуштите по напорниот ден со чаша здрав и природен пијалок.
Станува збор за чај од маточина.
Истражувањата покажуваат дека маточината може да го намали стресот и анксиозноста. Растението содржи гама-аминобутерна киселина (ГАБА) која влијае на мозокот и промовира намалување на стресот. Чајот од маточина може да помогне и во намалувањето на негативното расположение, да ја подобри добрата енергија, па дури и да има позитивен ефект врз либидото.
Освен што ја елиминира нервозата и несоницата, маточината има и антимикробни својства и го намалува ризикот од инфекција. Полн е со антиоксиданси кои се неопходни за детоксикација и заштита на организмот од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Сепак, за целите на детоксикација, се препорачува да се користат свежи листови од маточина бидејќи готвењето го намалува нивото на антиоксиданси. Искуството покажува дека маточината може да помогне и при горушица.
Важно е да се напомене дека не треба да претерувате со маточината, бидејќи може да предизвика контра ефект и да ја зголеми анксиозноста кога се зема во големи количини. Како да направите чај од маточина:
Една лажица маточина прелијте со 200мл зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Процедете го чајот и уживајте во напитокот. маточината има благ и пријатен вкус, а за дополнително задоволство можете да го засладите со малку органски мед.