„Nasomatto“ парфеми, уметнички израз на креаторот Alessandro Gualtieri
Секој парфем претставува личен уметнички израз на креаторот. За најквалитетните состојки се трага ширум светот, се преземаат ризици, се стекнува знаење и искуство и се претвораат во дело, каде секој елемент игра важна улога во целата слика.
Alessandro Gualtieri, италијански авангарден парфимер го основаше брендот Nasomatto во 2007 година како изненадувачки чекор откако се почувствувал ограничен со правила во своите претходни професионални активност. Додека креирал различни мириси како вработен во мултинационални компании, Alessandro, познат како “Носот“ морал да следи одредени упатства и прогнози на трендовите за тоа што е актуелно а што не во тековната сезона. Осетил како неговата слобода е ограничена и бил вознемирен од тој систем. За сите овие години работа го стекнал надимакот “Лудиот нос“ затоа што неговите креации секогаш биле смели, создадени од невообичаени формули и состојки.
Почувствувал потреба да биде независен и да создаде свој бренд. Името "Nasomatto" на превод од италијански јазик значи “луд нос“. Тој не верува во мирисните пирамиди, ниту ги открива состојките кои ги користи. Има целосна почит кој сировините и верува дека откривањето би го донел во заблуда процесот на мирисање. Настојува да го задржи овој пристап во своите креации и смета дека корисниците треба да ги интерпретираат парфемите на свој начин како би станале едно со мирисот. Тој сака мирисот да стане личен и да дава слобода.
Инспириран од сцените на злосторството во француско-италијанскиот филм Fantomas, со Jean Marais и Louis de Funès во главните улоги, овој парфем е вистинска покана за истражување, барање, осознавање. Нотите од кедар и каламус во основата се спојуваат со сочни ноти од малина во срцето: креација полна со пресврти што изненадува со својата смелост. Капачето од лешник е резултат на процес на метализација со четири блескави страни.
*ПР објава