Маријан Стојаноски се вери со својата долгогодишна девојка. Јавноста речиси и да не знае ништо за љубовта на познатиот пејач и хорист во Македонската опера и балет, освен дека нејзиното име е Наташа Каранџуловска.
Стојаноски кој долги години не е присутен на домашната естрада, пред точно една година глумеше во популарниот серијал „Вчерашни новости“. Маријан лани настапи и на фестивалот „Макфест“, но се’ послабо е активен на поп-сцената.
- Немам време да снимам нова песна. Никако не се наоѓа, а имам во план - изјави тогаш пејачот за Женски магазин.