Научниците докажаа: Телефонот секогаш паѓа на страната на екранот
Едни велат дека тоа е поради лоша среќа, други поради чиста физика. Откривме зошто се случува ова со сите мобилни телефони.
Можеби за ова и
не треба да зборуваме, бидејќи најверојатно и сами сте забележале дека луѓето не
можат да го отргнат својот поглед од телефонот. Токму и поради таа причина
насекаде ги носиме и користиме, дури и во најчудните ситуации.
Но, дали имате забележано колку пати вашиот нов телефон паднал и тоа на страната на екранот? Може ли овој феномен да се спореди со парчето леб кој секогаш паѓа на намачканата страна со мармалад?
Постои причина за сето ова. Роберт Метју, физичар на Универзитетот Астон, открил кој е главниот виновник, односно видот на материјал од кој е направен вашиот телефон. Иако, најчесто сте во заблуда дека тоа ви се случува поради лоша среќа, ние ви откриваме како физиката ја игра својата главна улога во овој случај.
Утвредено е дека ако лабаво го држите телефонот во едната рака со прстите под средината на гравитацијата на телефонот (најчесто во прилика додека пишувате на телефонот), поголема е шансата вашиот телефон да се преврти преку врвот на вашите прсти. Должината, гравитацијата и аголот на телефонот додека паѓа играат важна улога. Така да, следен пат кога ќе ви пукне екранот на телефонот, не кривете го Марфиевиот закон – се што мора да оди по злото, ќе отиде – туку обвинете ја физиката.
Јасно ни е дека телефонот за вас претставува ваш најдобар пријател и дека скоро никој не може без него. Тоа е причината поради која скршениот екран може да ви го уништи целиот ден, ако немате вистинска опција за поправка. Нема ништо полошо од вашиот нов телефон да се скрши уште првиот ден од купувањето.