Научниците одговорија: Кој е подобар во сексот, мажите со „плочки“ или оние со стомак
Изгледот на машкото тело игра голема улога во сексот, од самиот избор на партнер до неговите љубовни вештини. И додека мускулестото тело на мажот се смета за идеал, во пракса ситуацијата е значително поинаква
Според студијата на научниците од турскиот универзитет Ерчије, мажите со малку повисок индекс на телесна маса и обем на половината поголем од 92 см, во просек, „траат“ подолго во сексот - околу 7,3 минути. Од друга страна, мажите со рамен стомак имаат просечно времетраење на сексот околу 2,5 минути пред оргазам.
Послабите во групата едвај издржале три минути, а почесто патат од предвремена ејакулација.
- Да речеме дека маж има секс 100 пати годишно. Ако има наслаги на стомакот, тој ќе поминува приближно осум часа - цел ден - повеќе годишно во секс со партнерот отколку ако има плочки. Тоа е значително време - се вели во извештајот.
Имено, пивскиот и разни други облици на стомак се поврзани со повисоки нивоа на хормонот естрадиол, женски хормон кој е одговорен за поголема издржливост во сексот, пишува Business Standard.
Освен стомакот, за поголема издржливост придонесуваат и некои други работи. Имено, истражувањата покажуваат дека сексот трае подолго кај мажите кои се обрежани. Исто така, сексот со кондоми обично трае подолго поради намалената чувствителност на нервите во „главата“.
Ако ги прашате жените, во совршен свет сексот во просек би траел 10 до 15 минути, барем така мислат околу 77 отсто од понежниот пол.
Тука не е вклучено времето на предигра, кое според нив треба да трае најмалку 10 минути. Предиграта обично вклучува бакнување, гушкање, масажа, па дури и орален секс - сето тоа пред пенетрација.
Во реалноста, студиите покажуваат дека просечниот секс трае само три до седум минути, а околу 25 отсто од мажите страдаат од предвремена ејакулација поради која самиот секс трае помалку од три минути.
Исто така, од пет до десет проценти од мажите страдаат од задоцнета ејакулација - во која проблемот не е времетраењето на сексот, туку фактот што не можат да доживеат оргазам во сексот со партнерот или им треба невообичаено долго време, над 30 минути.
Причините за двата проблема најчесто се психолошки, но може да се поврзат и со зависност од порнографија и физички причини како висок крвен притисок, дијабетес, нарушувања на тироидната жлезда како и уролошки проблеми.