Научниците со вредно сознание: 1 час дневно спорт за подолг живот
Научниците од Универзитетот Дјук во САД откриле како да го намалат ризикот од предвремена смрт.
Истражувањето на Вилијам Краус покажува дека дури и кратки периоди на умерена или зголемена физичка активност се корисни за повеќето луѓе. Под умерена физичка активност се подразбира одење со темпо каде што е тешко да се зборува.
Оваа акумулирана 30 минути слична активност може да биде покорисна од половина час од вежби.
Научниците забележуваат дека 150 минути со умерена или 75 минути зголемена активност неделно би биле корисни за секого.
За истражувањето Краус и научниците од Националниот институт за онкологија ги анализирале податоците на 4840 лица на возраст над 40 години кои учествувале во национално истражување на состојбата на здравјето и исхраната. Од учесниците 4140 луѓе беа живи во 2011 година.
Студијата покажува дека оние кои биле физички активни помалку од 20 минути на ден имале најголем ризик од предвремена смрт.