Наумовски: Верувам во успех, верувам во победа, ги повикувам навивачите да ни дадат поддршка

Шкупи утре од 21 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, го пречекува Шамрок Роверс од Ирска, реванш меч од квалификациите за Европа лигата на УЕФА.

Капитенот Кристијан Наумовски верува во добар резултат, ништо не е невозможно, очекува победа против тимот од Ирска.

„Шамрок доаѓа со два гола предност, со таа последна шанса која ја направија. Фудбал се игра до крај. Овој резултат не го посакував, не бараме алиби, ние дадовме гол, имавме шанси за израмнување, но немавме и среќа. Сега играме во Скопје, пред наша публика, се прашуваме и ние за резултатот. Сигурен сум дека ако играме како што игравме во вториот дел во Даблин, верувам дека ќе се пласираме понатаму. Ја повикувам публиката да дојде да ни даде поддршка, а јас ветувам дека ќе го дадеме максимумот“, рече Наумовски.