Не е Франција, Виетнам е: Изгради таква куќа што европските сопственици на замоци ќе се подзамислат
Успешен бизнисмен во виетнамската провинција Тан Хоа привлече големо внимание поради луксузната вила што ја изгради за себе и за своето семејство.
Луксузната вила се наоѓа во округот Јен Дин и е во сопственост на бизнисменот Трин Дин Ксуан, еден од познатите гиганти во областа на производството на градежни материјали.
Вилата наречена „Xuan Truong“ стана една од најатрактивните згради во цел Виетнам. Се наоѓа на имот од 1.100 метри квадратни, од кои 560 квадратни метри биле искористени за станбен комплекс, 200 квадрати се посветени на величествени градини, а паркингот е толку голем што сопственикот може да паркира 10 автомобили.
Од далечина, двокатната вила се издвојува со белата фасада и куполи, додека посебно внимание привлекуваат статуите слични на Статуата на слободата или крилестиот воин коњ.
Кога ќе ѕирнеме во внатрешноста на луксузната вила, нè очекува голем влезен хол со позлатени скали кои водат до пространа дневна соба и пет спални соби.
Внатрешноста на вилата се карактеризира со куполести тавани инспирирани од европските барокни ремек-дела, потоа луксузни мермерни подови и златни лустери кои се осветлени со преку 1.000 LED осветлување. Вилата има и природен извор на светлина благодарение на стотиците трислојни стаклени прозорци.
Иако вилата е изградена во 2018 година, таа дури неодамна стана популарна на социјалните мрежи. Не е чудно што се проценува на неверојатни 4,4 милиони долари, бидејќи е една од оние кои се истакнуваат со својата убавина и раскош низ Виетнам.