Не е можно: Што се добива кога ќе го превртите логото на Чикаго Булс?

Фановите на овој кошаркарски клуб се шокирани ...

Чикаго Булс дефинитивно е еден од најпознатите кошаркарски клубови во светот и многу познати играчи на НБА играле на овој тим, како што е легендата Мајкл Џордан. Симболот и логото на овој тим е бел бик, кој е на црвена позадина и со години е синоним за тимот и неговите фанови.

Сепак, само сега некои фанови забележале дека нешто чудно се случува кога логото на Булс се свртува наопаку.

Кога ќе го свртите ова лого наопаку, добивате слика на лик кој изгледа како вонземјанец или атронаут кој има секс со рак. Некои тврдат дека гледаат вонземјанец како чита книга на заоблена маса, но повеќето велат дека е јасно дека станува збор за вонземјанец и рак кои имаат интимна врска.

Чикаго Булс велат дека ова е чиста случајност и креаторите на знакот сигурно го немале ова на ум, но никој не може да го докаже тоа.

Биковите сега станаа вистински хит на Интернет, па ова се најде како одлична реклама, при што многумина се обидоа да ги најдат овие скриени мотиви во другите знаци на кошаркарските тимови.