Не е ни елен, ни глушец: Редок вид на цицач виден после 30 години
Мал и редок вид на цицачи, налик на елени, што научниците не го виделе скоро 30 години, е фотографиран во шума во јужен Виетнам, соопшти Глобалната група за зачувување на дивиот свет.
Фотографиите на малото животно, познато и како виетнамско еленско глувче со сребрени грбови, се направени во дивината, соопштија од групата, додавајќи дека животното со големина на зајак не било ниту елен, ниту глувче, туку најмал цицач со копита.
► VIDEO: The Vietnamese mouse-deer, a deer-like species the size of a rabbit, has been rediscovered in the wild 30 years after it was feared lost to science https://t.co/4gT6cs8vln pic.twitter.com/vkD1qcEx1D
— Irish Times Video (@irishtimesvideo) November 12, 2019
Овие животни обично се срамежливи и осамени, и како да одат на врвотод своите копита.Имаат крзно со сребренест сјај, велат од групата.
Животното за прв пат е опишано во 1910 година. Тоа е видено пет пати во централниот дел на Виетнам до 1990 година и е прогласено за еден од најретките животински видови.
Lost and Found: Vietnamese Mouse-Deer Spotted After 30 Years https://t.co/yCZdv93wT0 pic.twitter.com/fRaJCxRFPT
— Geek.com (@geekdotcom) November 12, 2019
Камерите поставени во шумата пет месеци направија 1.800 фотографии.