Не е само Италија: И оваа земја нуди парична помош за доселување
Освен Италија, Шпанија, кои бараат нови жители за своите села или мали гратчиња кои умираат, сега и Ирска нуди парична помош за доселување на странци.
Ирска го почна проектот „Our Living Islands“, кој на заинтересираните им нуди сума од 80.000 евра доколку решат да се преселат на оддалечените острови. Државата нуди пари за доселување на 23 острови. Сепак, ниту еден не е поврзан со копното со мостови. Но, сумата од 80.000 евра мора да се искористи за обновување на зградите на земјиштето, како што се работи за изолација, структурни подобрувања и ремоделирање.
Кампањата стапува на сила на 1 јули, а потенцијалните жители мора да купат и поседуваат имот на еден од островите. Куќата мора да била изградена пред 1993 година и да стоела празна најмалку две години.
Некои од локациите го вклучуваат Аранмор на брегот на округот Донегал или островот Клер на брегот Мајо, кој има само 160 жители.
Во Италија се покажа дека луѓе од различни земји аплицираат за да добијат помош и да живеат во нивните села.
Фото: unsplash