Не го пробувајте тоа: 3 совети за личностите кои се во врска со овој хороскопски знак
Доколку по некоја случајност сте стапиле во брак со Стрелец или сега сте само во врска, најверојатно и самите по природа сте енергични...
Сепак, вашата сакана личност е една од најзабавните, најпаметните и најгласните знаци од зодијакот. Но, како да го припитомиш нејзиното диво срце?
Па, тајната се крие во само една реченица - немој ни да пробуваш. Стрелците имаат навика да живеат во своите тела поинтензивно од останатите знаци. Додека се интелектуално навистина исполнети, тие своите податоци ги обработуваат кинестетски. Доколку сакате да ја задржите љубовта во врската или бракот, се што треба да направите е да го забрзате својот пулс - одете во заеднички прошетки, занимавајте се со спорт и уживајте на отворено, но внимавајте на нивната натпреваручка страна - иако ве сакаат, тие сакаат да победуваат.
Парот кој патува заедно останува заедно, макар и во случај која едниот од нив е Стрелец. Стрелците по природа се авантуристи и ништо не ги воодушевува повеќе од добро патување - тие тоа го гледаат како време кое го поминувате заедно, можност за уживање во музика, локациите и храната. Доколку сте предолго на едно место, Стрелците стануваат нервозни, што влијае на секој аспект од нивниот живот, вклучувајќи ги бракот и врските. Кога се во движење тие се мирни и уживаат во секој аспект од животот.
Како еден од најдуховитите знаци, Стрелеците може да ве боцнат во вистинскиот момент, кога најмалку очекувате. Иако сакаат да бидат во центарот на вниманието, Стрелците сакаат и партнер во комедијата која ја создаваат. Слободно одговорете на нивното боцкање со саркастични коментари, но немојте да бидете злобни и ќе доживеете вистинска романса.