Не користеше шампон две години: Погледнете што му се случило

Миењето на косата е честа и секојдневна работа за многумина од нас и сите се чувствуваме одлично кога нашата коса е чиста и мека. Како и да е, миењето коса е здраво, но дали нашиот шампон за коса помага или не?

Многу луѓе имаат проблем со чувствителен скалп, на кој се создава првут и чешање. Има многу шампони на пазарот кои се борат против првут, но веднаш штом ќе престанеме да ги користиме, првут почнува да се враќа и да ни пречи.

Јутуберот Ајден, имал големи проблеми со скалпот и првут што паѓал од косата, па предизвикал тој да не може да функционира нормално. Тој реши да направи еден експеримент и да престане да користи шампони за коса.

Ајден миел коса на секои 3 дена исклучиво со вода. Тој не користел никакви шампони и нагласил дека косата му е „помината“ само со ладна вода.

По две години се случи чудо. Неговата коса беше неверојатно здрава и скалпот беше целосно регенериран. Првут немаше, а Ајден заклучи дека шампоните за коса се непотребни, па дури може да ги влошат проблемите со скалпот.