„Не можам да го запрам Божик“- Роби Вилијамс дарува малку магија
Познат по создавање на атмосвера
Новата песна на 46-годишниот пејач и текстописец Роби Вилијамс, Can’t Stop Christmas („Не можам да го запрам Божик“), се однесува на пандемијата во 2020 година, но вели дека ништо нема да ги спречи празничните прослави оваа година.
Текстот на песната има стихови: …каква мизерна година… какво време да се биде жив. За жал, некои пријатели исчезнаа… никогаш порано не било вака… како да сме во војна.
„Ништо нема да го запре Божик, нема шанси“.
„Дедо Мраз е на санка, но сега тој е на два метра растијание. На луѓето ќе им треба нешто во што ќе веруваат по една ваква година“.
Синглот е преземен од новиот двоен албум на Роби, The Christmas Present („Божикен подарок)“, во кој се појавуваат и сер Род Стјуарт, Брајан Адамс, Џејми Калум и Тајсон Фјури.