Не носи маска, ама помага во спасување на животи во Италија
Во прашање е Томи, еден од шесте нови роботи за да им помогне на лекарите и медицинските сестри (од крв и месо) да се грижат за пациенти во болницата Церколо во Варезе, град на северот од регионот на Ломбардија, епицентарот на појава на епидемија во Италија.
„Со помош на моите способности, медицинскиот персонал може да биде во контакт со пациенти без директен допир“, рече за новинарот на Ројтерс, Роботот Томи, именуван по еден од лекарите.
„Тоа е како да имате друга медицинска сестра без проблеми поврзани со инфекција“, рече д-р Франческо Дентали, директор за интензивна нега во болницата.
Роботите со големина на дете се поставени веднаш до креветот на пациентот, така што лекарите можат да се грижат за другите кои се во посериозна состојба.
Тие ги следат параметрите од опремата во просторијата и ги доставуваат до болничкиот персонал.
Што е најважно, Томи и другите роботи и овозможуваат на болницата да ја ограничи количината на директен контакт меѓу лекарите и медицинските сестри со пациентите, а со тоа да се намали ризикот од инфекција, соопшти агенцијата.
Роботите исто така и помагаат на болницата да го намали бројот на заштитни маски и костуми што персоналот мора да ги користи. Томи и неговите „колеги“ роботи сестри имаат друга предност - тие не подлежат на исцрпеност. Тие брзо ги наполнат батериите и се враќаат на работа.
Повеќе од 4.000 италијански здравствени работници ја лекуваат оваа болест и заболуваат одсамиот вирус, а починале 66 лекари до сега. Бројот на загинати во Италија, земја која е најтешко погодена од коронавирусот,достигна 13.000 лица, повеќе од една третина од сите смртни случаи во светот.