Не сака па не сака: Заколнат ерген
- Како ви се чини идејата никогаш да не се ожените?
Добро или лошо? Зошто?
Оженети, како би го оцениле вашиот брак? Некој совет, зрнце мудрост?...
Колкумина се разведени овде и дали мислат дека пронашле погрешна и сакаат да се обидат повторно или не?
Дали има некој што има намера да се разведе наскоро? (Лорд Тајвин)
Еве што мислат неколку мажи:
- На кого му е гајле што мисли ергенот, боемите и заколнатите самци, што никогаш нема да се оженат, бла бла, туку интересо е што кажуваат овие оженети мажи.
- Не сум луд за брак и скоро сум тука некаде во годините „кога е моето време“, иако имам познаници и помлади од мене кои се венчаа, случајно, и се прашувам што им требаше.
- Во секој случај, немам никаква независност или постојана работа, па зошто да се омажам додека сето тоа не го средам?
- Нешто животот во двојка не ми оди како што треба, јас се сомневам многу дека некој ќе ме трпи и нема да се обиде да ме смени. Да ми кажува некоја како да се облекувам, дека седам на мојот компјутер цел ден, што живеам во видео игри, или дека правам ова или она.
Еве зошто некои мажи се заколнати ергени
Сум бил во такви страшни односи и тоа ме излудува (иако и јас излудувам некои), и можам само да замислам како е во брак, каде се караат околу имот, материјални нешта и сл, дури и ако имаат деца и тие ги свртуваат против нивните родители - не благодарам.
- Ако налетам на личност која ми одговара ментално и емотивно, тогаш ќе размислувам и поактивно на оваа тема, вака, не мислам ниту се грижам. Ја сакам мојата слобода и не планирам да се откажам.
- Некои мудреци велат дека кој еднаш се развел, па повторно се оженил- првиот пат не ни морал да се разведува.
На сето ова, има и една друга констатација, од другата стрна:
„ Жените исто така ја сакаат својата слобода и не планираат да се откажат од тоа ... за да не стапат во брак“ ...