Не сакал да оди на погребот на татко му кој го тепал и понижувал: Шварценегер како дете доживеал тортура, а мајка му починала на трагичен начин

Познатиот Арнолд Шварценегер имал многу тешко детство. Тешките моменти сега се зад него, но не било лесно да се справи со сето она што животот го фрлил врз него.

Поранешниот бодибилдер и Мистер Универзум е роден во Австрија, помладиот син на Густав и Аурелија Шварценегер. Неговиот татко бил член на нацистичката партија, тој работел во Втората светска војна како воен полицаец. Бил ранет во битката за Сталинград, а по заболувањето од маларија бил отпуштен од воената служба.

Пред Арнолд, Густав и Аурелија го имале синот Мајнхард, кого таткото го фаворизирал иако и него го тепал и понижувал, како и помладиот син, кој претрпел најголеми маки. Како што подоцна изјавил актерот, тепањето било секојдневна појава во неговото семејство. „Нашиот татко немаше трпение и не‘ тепаше со ремен за секоја грешка“, рече тој.

Тој откри дека неговиот татко дури се сомневал дека тој е негово дете и ја обвинил многу помладата сопруга дека го изневерува.

Густав го претепал својот син Арнолд, кој се занимавал со спорт уште од мали нозе, затоа што „не бил доволно добар на тренинзите“. Колку и да се трудел актерот, тоа не било доволно.

Густав Шварценегер починал во 1972 година од мозочен удар. Познатиот актер не се појавил на погребот на својот татко. Имаше три верзии зошто тој не дошол на тој настан, но се претпоставува дека тоа не го направил поради насилството на кое бил изложен.

Постариот брат на актерот загинал во сообраќајна несреќа во 1971 година, поради возење во пијана состојба. Шварценегер не бил ниту на неговиот погреб, но се грижел за неговиот тригодишен внук, чие образование го финансирал и подоцна му овозможил да се пресели во САД. 

Шварценегер бил многу близок со својата мајка.

„Денес мајка ми Аурелија ќе наполнеше 100 години. Таа беше најдобрата мајка на светот, а таа е единствената причина зошто не можам да кажам дека сè постигнав сам. Ми покажа безусловна љубов, трпение, но и важност да имаш дом секогаш чист. Таа ме научи како да направам совршена винерска шницла“, рече тој откако неговата мајка почина во 1998 година. Аурелија починала од срцев удар што го доживеала кога го посетила гробот на нејзиниот сопруг.

Шварценегер доживеал многу тешки моменти, но собрал сили да продолжи и да го оствари својот сон. 

Пред неговата холивудска кариера, Шварценегер работел и како модел. Има многу фотографии  од тој период, а за жал некои фотки се пример за неадекватно прикажување на жените или сексуализација.


Фото: Профимедиа