Не се кријат повеќе: Првиот бакнеж во јавноста на Пике и неговата нова девојка – Фановите на Шакира бесни

Поп ѕвездата Шакира и Жерар Пике решија да стават точка на 11-годишниот брак поради прељубата на фудбалерот.

Имено, Пике се заљубил во студентката Клара Чиа Марта и без никакво двоумење се појавува со неа на сите јавни настани, а сега е снимен и нивниот прв јавен бакнеж.


Дека врската е сериозна и дека не се кријат од папараците покажува и тоа што Жерар во петокот ја одвел својата девојка на концертот на пејачот Дани Мартин. Додека уживаа во љубовните песни ги понесоа страстите, а камерите го фатија и нивниот бакнеж.


Обожавателите на Шакира не беа многу ентузијасти поради фактот што Пике толку отворено ја покажува својата љубов кон новата девојка која има само 23 години.


Фото: Инстаграм/Твитер