Не се потресувајте: Грција е безбедна земја за летување
Министерот за туризам на Грција, Хари Теохарис, ги повика британските туристи, но и останатите туристи во светот, овогодинешното летување да го поминат во Грција, нагласувајќи дека земјата е безбедна. За Би-Би-Си радиото, Теохарис изјави:
-Грција е сигурна земја, а во голем број случаи, жал ми е ова што го кажувам, побезбедна и од вашите земји. Туристите треба да се чувствуваат безбедни во Грција, бидејќи земјата ќе преземе строги мерки на претпазливост. Во Грција туристи доаѓаат повеќе од 50 години, а ние како домаќини и понатаму ќе го покажеме своето гостопримство.
Сепак, тој истакна дека мерките за спречување на ширењето на вирусот ќе продолжат да важат, што значи дека ќе мора да ги почитуваат и да се дека ќе мора да се придржуваат до нив и туристите кој ќе ја посетат Грција. Една од мерките кои ги спроведува грчката влада социјалното дистанцирање.
Инаку, денеска состанок одржуваат министрите за туризам на земјите членки на Европската Унија, со цел да закрепне овој дел од економијата во земјите кои се најпогодени од пандемијата на Ковид-19.