Не сте ни свесни што навистина има во кесичките чај што ги пиете: Само билки? Па не би рекле дека е така...

Tестирале чаеви и лековити билки користејќи еколошка ДНК анализа

На сите им е јасно колку се здрави и важни чаевите. Но, ретко се прашуваме што би ни кажале тие кесички со чај кога би можеле да зборуваат? Како дошле до нас, какви пчели слетале на нив, какви инсекти лазеле по нив...

Хенрик Крехенвинкел, еколошки генетичар од Универзитетот во Трир, со својот тим на научници открил револуционерен начин на откривање на интеракциите меѓу растенијата и животните. Во списанието „Biology Letters“, тие објавија студија во која ги анализираа сувите лисја од камилица, нане, чај и магдонос.

Користејќи еколошка ДНК анализа, тие тестирале чаеви и лековити билки. Пронајдоа повеќе од 1200 различни видови членконоги на избрани комерцијални производи.

Мал дел од ДНК на инсекти

Тие собраа примероци од разни билки и чаеви од различни делови на светот. Тимот на Хенрик разви методи за екстракција и размножување на ДНК на членконоги од расположливиот растителен материјал, а во објавеното истражување наведува дека приближно 99,99% од пронајдената ДНК била растителна, а само мал дел била ДНК од инсекти.

Се разбира, тоа е добра вест за оние кои пијат чај, но ДНК од членконоги укажува на нешто друго. Имено, ни кажува дека чаевите не се полни со пестициди, како што се шпекулираше.

Споменатата анализа на ДНК во листовите од чајот може да им помогне на научниците да го следат ширењето на инсектите кои се сметаат за штетници. Инсектите често патуваат низ светот преку бродови, автомобили и слично и успешно се движат и уништуваат шуми, џунгли или земјоделски култури.

Откривањето на штетни видови откако ќе се појават во нова област може да помогне во управувањето со нивната популација, пред да се шират и да предизвикаат штета.

Извор: klik.hr