Не заборавајте дека жалењето и кукањето донесуваат само немир

Ако сакате да бидете глас на мирот во светот, почнете така што мирот ќе го направите перманентна состојба во вашиот живот. Вашето Високо Јас го знае патот. Се што ви е потребно е свесност и одлучност за да го послушате повикот на љубовта, простување и добрина, додека ги живеете деновите од својот живот. Еве неколку идеи за кои може да размислите:

 1. Мора да понудите мир за да го имате

Мислете за себе како мирољубива личност. Посветете внимание  кога наметнувањето на вашето его  се јавува како резултат на нечија навреда. Не создавајте судири со околината. Обидете се да кажете: „ Навистина имате предизвикувачки ден “ на службеникот во пошта, наместо: „ Веќе 15 минути чекам на ред “. Вашата присутност  нека биде полна со љубов. Не дозволувајте вашето его да ги предводи вашите зборови и дела. 

 2. Не заборавајте дека жалењето и кукањето донесуваат само немир, додека комуникацијата донесува мир 

Може да го распрснете вашето кукање, така што ќе ја отпуштите сопствената навика „да впивате“ се во себе и да вежбате простување. Ако сте лути некому во вашиот живот, работете на тоа да комуницирате со таа личност. Неколку моменти на расправа се доволни простувањето да го поништи немирот и да го намали влијанието на вашето его , кое пак ја обожува анксиозноста. 

 3. Подарете си деликатес во вид на мир само за себе, секој ден 

Искусете го овој клуч за вашата состојба на свест, барем на неколку моменти. Изгасете ги внатрешните дијалози и увидете ја разликата помеѓу константно замаглување и благослови на вашата тивка конекција со Универзумот. Ова е најсигурниот начин да ја ослабнете контролата на егото и да се поместите кон внатрешната визија на мир која е ваше право од раѓањето. 

 4. Потсетете се дека најдобрата техника за воспоставување мир во вашиот живот, значи секогаш да ја изберете љубезноста, посебно кога пред вас има избор да се биде во право или да се биде љубезен 

Ова е единствената и најефикасна метода за будување на чувството на мир, кое го знаеме. Избори имате во секоја од вашите интеракции. Кога вашето Високо Јас е присутно, тоа секогаш промовира мир. Ако имате дилеми дали тоа е вашето его, кое сега говори или вашето Високо Јас, одговорот станува очигледен. Обидете се  да се запрашате: „Дали ова ќе донесе мир или вознемиреност во мојот живот? Мирот не можеме да го најдеме преку изборот да бидеме во право или да бидеме лути -или повредени. По секоја цена, работете на тоа да ги исправите погрешните работи кои ги гледате и забележувате, но тоа правете го со разбирање и свесно. Немојте лутото срце да ве спречи да го спознаете Бог, на патеката на вашата света потрага. Мирот ќе  дојде кога ќе станете оној кој лекува, а не оној кој суди.