Неговиот интензитет ќе ве шокира: Jubilation XXV Man by Amouage

Парфемот што го носи мажот ја открива неговата личност, карактер и стил исто како и облеката. Затоа е важно да внимавате многу при изборот на парфем кој ќе стане ваш заштитен знак. Во потрага по совршен парфем, секогаш ги бараме омилените мирисни ноти. Без разлика дали сакате свеж и воздушен, или моќен и дрвенест, па дури и ако не знаете како да препознавате ноти, секогаш ќе ве привлекуваат слични парфеми. Притоа, дефинитивно треба да земете предвид дека не треба да биде премногу наметлив и да имате на ум дека мирисот треба да стане суптилен дел од целокупното присуство.

Една од најважните работи при изборот на парфем е тоа што тој трае долго на кожата, односно не испарува по два или три часа. Во потрага по долготраен и издржлив парфем, многумина прибегнуваат кон тешки мириси, но треба да знаете дека миризливите ноти кои се наоѓаат во самиот парфем ретко влијаат на неговата долготрајност.

Овој парфем крие неверојатна издржливост и  неговите мирисни ноти ќе останат на вашата кожа цел ден.

Се работи за Jubilation XXV Man by Amouage лансиран во 2008 година. Носот зад овој мирис е Бертранд Душафур. Врвните ноти се Blackberry, Olibanum, портокал, лабданум, коријандер и тарагон; 

средните ноти се мед, гвајак вуд, цимет, ловоров лист, каранфилче, роза, орхидеи и семе од целер; 

основни ноти се Опопонакс, Агарвуд, Миро, Пачули, Кедар, Амбегрис, Бесмртле, Маск и Оакмос.

Сите состојки како што гледате се ретки, за некои дури можеби и прв пат сте слушнале, но тоа не треба да ве интересира. Интересот е на јачината на пафемот кој трае скоро една недела, а е наменет за самоуверен маж кој сака предизвици, кој е храбар и знае да заведува.