Неговиот живот е како филм: Роберт де Ниро има 6 деца, ќерка му има балканско име, а она што го научил за татко му му го сменило животот засекогаш

Еден од најдобрите холивудски актери Роберт Де Ниро (78) зад себе не само што има неверојатна актерска кариера, туку и бурен живот. Популарниот актер има шест деца, а поради филмските улоги научил да свири саксофон, се здебелил 25 килограми, а возел и такси.

Мајка му Вирџинија Адмирал била сликарка, а татко му Роберт сликар и поет. Неговите родители се разделиле кога тој имал само 2 години бидејќи неговиот татко наводно сфатил дека е геј.

Познато е дека холивудскиот актер Роберт де Ниро ја сака соседна Србија, па неговата ќерка го носи името Дрина. Името го добила по книгата на Иво Андриќ.

За филмот „Њујорк, Њујорк“ актерот морал да научи да свири на саксофон, а се здебелил и 25 килограми за што поавтентично да ја игра улогата на боксер во филмот „Разјарениот бик“.

Во 2003 година му беше дијагностициран рак на простата, а колегите и пријателите му испратија бројни пораки за поддршка. Беше лекуван и вратен на работа и сними уште неколку филмови.

Една од најлудите работи што му се случи е кога неговото име беше јавно спомнато во истрагата за синџир на проституција во Париз.

Познато е дека Роберт ја сака Србија, а неговите патувачки авантури се раскажуваат и денес.

Се зборуваше дека Југославија ја запознал уште како студент, а во хотел дури водел оро пред насобраните новинари.

Потоа патувал низ Србија со автостоп.

„Немав пари, па застанав камиони на патот. Сакав да стигнам до Белград. Камионџија ме однесе на главниот плоштад во Ниш и ме остави таму. Врнеше, се стемнуваше и се најдов себеси сам во непознат град среде ноќ. Сепак сакав да почувствувам како пулсира животот во Ниш. Не се чувствував поразличен од светот околу мене. Фармерки, маица, ранец на грб, малку пари во мојот џеб...“

Де Ниро е познат и како голем фан на Новак Ѓоковиќ, а се најде во ложата на тенисерот во Њујорк.

 - Се сеќавам на времето кога бев во Белград. Тоа беше одлично, навистина одлично. Градот изгледаше добро. Сигурен сум дека е така и денес, ако не и поубаво. Би било навистина убаво да сум таму и да снимам филм. Не знам какви се шансите сега, но тоа може да се случи. Можеби сум делумно Србин“, изјави тогаш Роберт и додаде дека „Ѓоковиќ е одлично момче“.


Фото: Youtube-screenshoot

Извор: информер