Нејзин прв и последен: Кога се запознале Рене имал 38, а Селин Дион 12 години – Вака изгледаат нивните близнаци денес
Светски познатата пејачка дива Селин Дион неодамна на Инстаграм објави фотографија на која позира со трите сина и пејачот на Ролинг Стоунс Мик Џегер .
Селин Дион и нејзиниот покоен сопруг Рене заедно го имаат синот Рене-Чарлс (23) и близнаците Еди и Нелсон (13). Еди е именуван по Еди Марнеј, француски текстописец, а Нелсон е именуван по Нелсон Мандела. И покрај тоа што имаат само 13 години, близнаците знаат и француски и англиски.
Селин на својот Инстаграм профил често споделува фотографии со своите синови, а може да се види дека поминуваат многу време заедно и колку се емотивно поврзани, особено по смртта на нивниот татко и сопруг Рене.
Да потсетиме, пејачката и Рене Ангелил се запознале кога таа имала 12 години, а тој 38, а многумина биле шокирани од тврдењата дека нивната љубовна приказна започнала набрзо потоа. Селин никогаш не криела дека првото и единствено сексуално искуство во животот го имала со сопругот.
Сепак, тие двајца „официјално“ станаа пар кога Селин наполни 19 години. Рене беше голем поддржувач на Селин во текот на нејзината кариера, а за жал тој не успеа да ја добие битката со ракот на грлото.
Инаку, Селин за кратко време најпрвин го изгубила сопругот Рене, а потоа и братот од рак на грлото. Лошите вести не застануваат тука бидејќи поради постојаните и болни мускулни грчеви, Селин била принудена да ја паузира својата музичка кариера, која веќе некое време е во мирување.
Таа по години пауза поради болеста, блесна во париз на отварањето на Олимпискити игри и уште еднаш го освои светот со својата храброст
Фото:Инстаграм