Некои олимпијци имаат многу „дигнато его“: Луѓето се во целосна хистерија поради слика на францускиот олимпиец во спидо
Деновиве социјалните мрежи се преполни со разни интересни работи и моменти од Олимписките игри, а глетката на францускиот спортист Жил Бује во тесни пливачки гаќи ги засени сите останати барем засега. Имено, Бује, кој во петок се очекува да настапи во финалето на синхронизирано нуркање на 3 метри, со својот изглед привлече големо внимание.
22-годишниот Французин се натпреварува во нуркање, со соиграчот Алексис Жандар, така и во поединечна категорија, а многумина го сметаат за еден од најслатките и најзгодните момци на овогодинешните Олимписки игри, иако конкуренцијата е дефинитивно жестока.
Нема сомнеж дека Бује е талентиран, убав и згоден, но на корисниците на социјалните мрежи им падна око уште еден детаљ - тие веруваат дека овој нуркач е исклучително надарен. За таквиот став е виновна снимката на која се гледа како младиот Французин се тушира покрај базен.
Во видеото, Жул носи екстремно тесни гаќички за капење кои ја покажуваат неговата прилично испакната мажественост. Публиката не престана да ја коментира оваа сцена, а многумина под видеото оставија разни шеги и хумористични забелешки. За некои, пак, сцената била вулгарна.
„Мислев дека е чудно што жена ми го гледа нуркањето... Сега ми е јасно“, „Дефинитивно ќе го гледам финалето во петок“, „Изненаден сум што успеа на Олимпијадата, со оглед на големината на неговата машкост, со оглед на тоа како оваа значајна испакнатост го зголемува активниот отпор во водата и ја успорува“, „Како поранешен пливач, тврдам дека на сите мажи кои се занимаваат со водени спортови им е ужасно непријатно да ги носат овие шорцеви“, „Сигурен сум дека по овие слики му следува море од спонзорски договори“, се само некои од илјадниците коментари на различни социјални платформи.
Останува да видиме дали оваа Олимпијада ќе му донесе злато на Бује, но едно е сигурно - тој си обезбеди популарност кај публиката!
Фото: Инстаграм