Некои се во коронавирус лудило, други купуваат пентхаус: Бекам на пример

Некој е во изолација од коронавирусот, а некој си купува пентхаус како од шега.

Токму таков, сосема нов, на Дејвид Бекам, од 1.100 метри квадратни е сместен во зградата Thousand Museum, дизајниран од ајпознатата светска архитектка Заха Хадид.

Прославениот фудбалер, наводно, потрошил дваесет милиони долари на оваа инвестиција, која доаѓа со неговиот хеликоптер на покривот. 

Бекам и неговата сопруга Викторија го купиле станот затоа што планираат да поминат повеќе време во Мајами, бидејќи Бекам и неговите инвеститори во моментов работат на развој на нов стадион од една милијарда американски долари наречен Парк на слободата во Мајами.

Засега немаме информации на кој кат се наоѓа нивниот стан, но знаеме дека тој е еден од само десетте во целиот облакодер кој вообичаено содржи осумдесет и четири резиденции. 

Беки ќе има можност да ужива во многуте погодности што оваа зграда ги нуди, покрај прекрасниот базен, двокатниот фитнес центар и велнес-просторот.