Нема да верувате: Дино Мерлин работел во фабрика за лагери, а еве колку заработувал
Един Дервишалидовиќ, попознат како Дино Мерлин, денес е најпознат босански кантавтор и една од најголемите музички ѕвезди на просторите на поранешна Југославија, но пред да стане она што е денес, поминал трнлив пат. Немал поддршка од родителите и околината во намерата да се занимава со пишување, компонирање и пеење, па така за него снимањето на првата плоча бил сон за кој долго мечтаел.
Работел тешки физички работи каде и да било потребно, а во фанрилата за лагери „Вогошќа“, каде се склопувал легендарниот „голф 1“, а работел и трета смена. Благодарејќи на својата упорност и труд, успеал да собере пари за снимање на песните, вкупно пет по број. Меѓутоа, тоа не било доволно за цел албум, а и дискографската куќа во него не видела потенцијал, па соработката пропаднала.
Тогаш се нашол пред бездна, помислил дека сè е изгубено и бил на прагот да се откаже од својата цел. Ова траело се додека во една пригода во студиото во Скендерија не го слушнал продуцентот Мурафид Бркиќ, сопругот на Ханка Палдум. Воодушевен од својот талент, тој веднаш го поканил во својата куќа, на Ханка и кажал да донесе ракија и му соопштил на Дино дека неговото прво ЦД ќе биде објавено во 50.000 примероци. Во една прилика Мерлин зборуваше за тоа, но не го знаеше одговорот на прашањето што би се случило доколку не го сретла Мурафид таа судбоносна вечер.